Во април 205 одобренија за градење

Bez autora
Jun 12 2014

Во април годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 14,9 проценти помалку во однос на април лани, објави Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12.548.297.000 денари, што е за 353,1 проценти повеќе во однос април минатата година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на другите делници од новите два капитални проекта за автопати. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (63,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (18,1 проценти) за нискоградба и 38 (18,5 проценти) за реконструкција. Од вкупно 205 објекти, на 131 (63,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 објекти (36,1 проценти) деловни субјекти.

Во април 205 одобренија за градењеВо април годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за 14,9 проценти помалку во однос на април лани, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 12.548.297.000 денари, што е за 353,1 проценти повеќе во однос април минатата година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на другите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 130 (63,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (18,1 проценти) за нискоградба и 38 (18,5 проценти) за реконструкција.

Од вкупно 205 објекти, на 131 (63,9 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 објекти (36,1 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 422 стана со вкупна корисна површина од 36.734 квадратни метри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik